Во интервју за Прва скопска ТВ, градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, покрај одговорите на други прашања, кои ги интересираат граѓаните, објасни дека не дошол на функцијата во Општината за да владее, туку за да работи.
-Новото време во Гази Баба не е само празен концепт, туку е начин на функционирање поразличен од сите претходни раководства, со чесно и посветено работење и одговорен пристап кон финансиите, објаснува Стефковски и додава:
-Затекнав општина со огромен број проблеми, со неасфалтирани улици, со училишта без спортски сали, без фекална канализација во некои места, а одредени места беа без вода за пиење. Ме радува што голем број од децениските проблеми на граѓаните на Гази Баба во овој период ги решивме, кажа Стефковски.
Целото интервју на градоначалниот Стефковски погледнете го на следниов линк: