Темно Режим Светло Режим

Столтенберг: НАТО будно ја следи ситуацијата во Полска

НАТО ја следи ситуацијата во Полска по извештаите дека руска ракета можеби навлегла во воздушниот простор на земјата-членка на Алијансата, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на социјалната мрежа Х, цитиран од британските медиуми.

-Разговарав со (полскиот) претседател Анджеј Дуда за ракетниот инцидент во Полска. НАТО останува солидарен со нашиот ценет сојузник, ја следи ситуацијата и ќе одржува контакт додека се разјаснат фактите, увери Столтенберг и додаде дека „НАТО останува буден“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Скандал во Ријад: Натпреварот Фенербахче-Галатасарај нема да се игра

Следниот Пост
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Поради магла, намалена видливост на повеќе патни правци низ државата