Стопанствениците предложија 15 мерки за поддршка од Владата – најважната е тие да се спроведат

Сојузот на стопански комори (ССК) до Владата достави 15 мерки за финансиска поддршка на секторите превоз, туризам, угостителство, сметководство, едукација и установите за згрижување деца кои смета дека се најзагрозени од ковид – кризата.

Дел од предложените мерки за кои се бара да бидат дел од најавениот петти антикризен економски пакет се: да продолжи поддршката од 14500 денари за плати и бескаматните кредити преку Македонската банка за развој, репрограмирање на обврските од активни кредитни побарувања, укинување на каматата за задоцнето плаќање данок и други давачки кон УЈП до крај на годината, како и да се одложи рокот за поднесок на ДДВ извештаите.

Понатаму, данокот на додадена вредност на сите услуги и производи во угостителството да се изедначи на 10 отсто, додека ДДВ за претпријатијата од секторот туризам да се намали од 18 на 10 проценти.

Меѓудругото, се бара и повлекување на градежните мораториуми и овозможување планско градење согласно урбанистичките и еколошките стандарди, за да се подигне градежниот сектор.

Но, од коморите сепак истакнуваат дека независно за каква помош и да се одлучи, најважно е таа да биде едноставна, лесно и брзо достапна и да се даде веднаш, бидејќи досегашната пракса покажала дека проблемот е во имплементацијата, а не во усвојувањето и донесувањето на мерките.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до антикорупциска за фирма на советник од СДСМ во Град Скопје
Следна вестВодно и до сега беше заштитено на хартија и со прописи, ама на терен…