Сторителот кој свирепо тепаше куче во радовишко доби пријава од полицијата

Расчистен е случајот со свирепото тепање на куче во радовишко за што деновиве се појави видео-снимка што ја објави организацијата „Анима Мунди“.

МВР соопшти дека на први февруари околу 14.00 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека на социјалната мрежа Фејсбук на страна на здружение за заштита на животни е објавена видео снимка на која се гледа тепање на животно – куче, со употреба на тврд предмет, од страна на С.Т. од с.Ораовица.

– Од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки, лицето е пронајдено, со него е извршен службен разговор и преземени се сите потребни активности, при што е утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Радовиш, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестМакедонските каратисти ќе ловат медали на Европското првенство за кадети
Следна вестУчениците во „Кочагин“ евакуирани од наставата, дали повторно е добиена дојава за бомба?