Во првите три месеци од годинава, Србија на странци издала 11.717 работни дозволи, а лани вкупно 35.168, покажуваат податоците на Националната служба за вработување. Најмногу работни дозволи се издадени на државјани на Кина, Русија, Турција, Индија, Куба, Македонија, Украина и Непал…
На топ 10 листата се и соседите, а градежништвото како индустрија е дефинитивно во водство.
Минатата година во Србија работеле точно 35.174 странци, што е за околу 12.000 повеќе од 2021 година.
Голем број странци се ангажирани како помошни работници во различни стопански гранки, како што се услужни дејности, угостителство и хотелиерство.
Според податоците на НЕС, најголем дел од странските работници се вработени со трет, четврти и седми степен, но има и многу нискоквалификувани работници.