Странски советник во Владата, не е нешто со што треба да се фалат

Ни го сменија името на државата, сега додека овака клекнати како нација сме полузашеметени ни испратија во Владата специјален советник за економија од германската премиерка Меркел. Владините медиуми со тоа се фалат, а дали треба да се фалат е прашањето.
Ни го преставуваат советникот како да е дојден за да даде поддршка на владата во спроведување на економските политики. Мене ми се чини дека ќе биде тука за да ја контролира комплетно целата влада. Си стануваме протекторат и со директен намесник во белата зграда. Дај Боже да грешам, но штом некој од надвор ти доаѓа, тој повеќе мисли за доброто на тие од каде што доаѓа. Сетете се како беше во СФРЈ, оние функционерите од Белград не мислеа многу за Македонија.
Тодор Давидовски

Почитувани,
Преку рубриката „СКОПЈЕ КОМЕНТИРА” можете да испратите пораки до скопските градоначалници или други функционери за се она што мислите дека треба да го поправат, доправат, направат, исчистат… или пак да ги пофалите за нешто добро сработено. Сите ваши фотографии и краток коментар може да ни ги испратите на е­маил: skopskoeho @yahoo.com.Во зависност од просторот и соодветноста на пораките Редакцијата на „СКОПСКО ЕХО” поголемиот дел од нив ќе ги објави во весникот, а сите на порталот skopskoeho.mk.