Неизвесност во неколку училишта и денес дојави за бомби

И денес неизвесно во неколку македонски училишта поради дојава за бомби. Полициски екипи за антитероризам веќе започнаа со проверки на 8 скопски и 2 прилепски образовни институции откако претходно ги испразнија просториите од ученици и вработени.

– До 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 8 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Иако досега сите пријави за бомби се покажаа за лажни, протоколите налагаат дека при секоја дојава мора да се извршуваат антитерористички проверки, се со цел да се зачува безбедноста на учениците и вработените во училиштата.

Надлежните се уште немаат конкретно решение за овој проблем кој трае со месеци.

Претходна вестМаричиќ од скромност му нуди на ВМРО-ДПМНЕ разговор надвор од очите на јавноста?
Следна вестПоскапуваат бензините, дизелот, маслото…