Денеска во 14:30 часот во Нион, Швајцарија е закажана ждрепката за второто коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Со тоа македонските претставници Струга Трим Љум, Шкендија и Тиквеш ги дознаа своите потенцијалните противници.
Стружани во првото коло ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите, а со евентуална елиминација од Слован Братислава се префрлуваат во Конференциската лига, па за противници во второто квалификациско коло ќе имаат еден од поразените од паровите:
Лудогорец – Динамо Батуми
Флора Талин – Целје
Хамрун Спартанс – Линколн Ред Импс
Динамо Минск – Пјуник
Ордабаси – Петрокуб
Викингур Рејкјавик – Шамрок Роверс
Шкендија за прв ривал го доби Ноах од Ерменија, а доколку тетовчани ја минат оваа фаза ќе се судрат со еден од овие тимови:
Сиулијаи – Левадија Талин
Браво – Конна Кеј Номадс
ФК Академија Пушкаш (ХУН)
ФК ЦСКА 1948
Слиема Вондерерс
Тиквеш, пак, го избегна Хајдук и има шест потенцијални ривали за второто коло.
Дрита
Торшван
Кернарфон Таун – Крусадерс
Илвес Тампере
Трансинвест
Првото коло од квалификациите за Конференциската лига е закажано за 11 и 18 јули.