Студен туш од ЕУ за поддржувачите националноста да влезе во личната карта

513

Општата регулатива за заштита на лични податоци која стапува на сила во август годинава, забранува споделување на лични податоци, како расна и етничка припадност, политичка и верска припадност, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, на новинарско прашање, дали законот за лични карти и наведувањето на етничка определба е согласно европската регулатива.

Тој објасни дека сега личните карти се уште се регулирани од самите земјите – членки, но регулативата со првите правила кои се однесуваат на овие документи на ниво на Унијата, ќе стапи на сила во август 2021.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека има сериозна забелешка од амбасадор на наша соседна држава околу предлогот за запишување на националноста во личните карти, без притоа да прецизира за која соседна држава се работи.

Заев денеска одговори дека нема ниту предупредување ниту каков било аларм од некој амбасадор, потенцирајќи дека искажување на националност е лично право.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани ќе го блокира законот за нов Клинички центар, се сомневаат во криминал
Следна вестУжасен ден: 13 починати од ковид во 24 часа, благ пораст и на новозразени