Повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк што подразбира добивање месечен паричен надомест од околу 2.400 денари во девет месеци во годината, објави денеска Министерството за образование и наука неговата веб-страница (www.mon.gov.mk). Рокот за пријавување за тековните студенти е од утре (25 ноември) до 3 декември 2022 година. Финансиската поддршка во износ од 120 денари за секој работен ден во месецот, освен за државни, верски празници и неработни денови, не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 14 септември
Финансиската поддршка во износ од 120 денари за секој работен ден во месецот, освен за државни, верски празници и неработни денови, не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 14 септември
Аплицирањето е електронски преку порталот https://е-uslugi.mon.gov.mk/. На повикот може да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Македонија. Апликантите треба да ги исполнуваат и следните услови: да не се во редовен работен однос; да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.
-При поднесувањето на апликацијата, студентите задолжително пополнети и потпишани ги прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк, а воедно упатуваме апел да го погледнат и документот – Насоки за внесување на трансакциска сметка при пријавување за субвенциониран студентски оброк, соопшти Министерството за образование и наука.
МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, кои ги поседуваат МВР, АВРМ, УЈП и студентските служби на факултетите.
Повикот е распишан по неодамнешните студентски протести на кои што, покрај другото, беше побарано зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 150 денари дневно, реконструкција на студентските домови чии услови се лоши, изедначување на стипендиите и изземање на студентите од антикризните мерки на Владата… Македонскиот парламент минатата недела изгласа предлог-законот за изменување на Законот за субвенционирање на студентски оброк да се носи по скратена постапка. Пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ тогаш изјави дека студентскиот оброк треба да биде студентски оброк, а не финансиска помош. Таа информираше дека ги испочитувале барањата на студентите и во овој момент, како што рече се нуди „само едно преодно решение кое што значи продолжување на исплата на студентски субвенциониран оброк во истите услови како и претходно се напомена дека тоа ќе важи до март 2023 година“.