Судење за убиство на ракометарот Тот: Обвинетите можеле да ги претпостават последиците

Тројцата обвинети за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот можеле да ги претпостават последиците во моментот на извршувањето на кривичното дело.Ова проценка денеска ја изнесе психијатарот Александар Марцикиќ, кој сведочеше како вешто лице на денешното продолжение на судскиот процес за убиството на Тот во април годинава.

Марцикиќ во сведочењето зборуваше поединечно за состојбата на секој од обвинетите Анџело Ѓоргиевски (28), Клементина Левковска (19) и Андреј Костовски (19), врз основа на тоа што го констатирал на преглед на 28 април 2022 година, што е дваесетина дена по убиството на Тот. На прашањето дали тројцата обвинети во моментот на извршувањето на кривичното дело можеле да го сфатат значењето на делото и дали истите можеле да управуваат со своите постапки, вештакот рече дека моежел.

-Кај секој од обвинетите во време на настанот бил со запазено психичко здравје така што можеле да ги разберат своите постапки, да ги претпостават последиците од истите и да раководат со истите, објасни Марцикиќ.

Во врска со прашањето дали обвинетите до сега страдале од некое минливо или трајно психичко пореметување, вештото лице одговори дека од прегледот, кој го направил констатирал дека кај обвинетата Клементина Лековска на 13 годишна возраст било констатирано минливо психичко пореметување во вид на пореметување на однесување во детска возраст.

– Ова пореметување значи дека во тој период од животот таа манифестирала и однесување кое се карактеризирало со дисоцијални постапки, агресивност, раздразливост, кое го надминувало бунтовното и инаетливо однесување карактеристично за овој период во кој што таа се наоѓала, тоа е период на пубертет, рече тој.

Прашан дали обвинетите при прегледот биле агресивни, насилни или во состојба да ја искривуваат вистината, тој одговори дека при прегледот, ниту еден од обвинетите не манифестирал какви било знаци на пасивна или активна агресивност

Денеска во судница сведочеше и вештото лице од Судска медицина, Ана Ивчева. И таа, како и нејзините колеги од Судска медицина, Александар Станков и Рената Јанкова, кои сведочеа на минатото рочиште, како причина за смртта на сега покојниот Денис Тот го посочи нагмечувањето на ’рбетниот и големиот мозок.

Претходна вестБензините поскапи за половина, а дизелот за 1,5 денари
Следна вест„Газпром“: Запрено истекувањето на гасот од гасоводот „Северен тек“