Судија од Врховниот суд доби писмена опомена

Судскиот совет на денешната седница одлучуваше по две барања за утврдување одговорност кај судија за нестручно и несовесно постапување.

Во врска со барањето за испитување одговорност кај судија од Врховниот суд, Судскиот совет одлучи да изрече писмена опомена за сторена дисциплинска повреда.

Во врска со барањето за испитување одговорност кај судија од Основниот кривичен суд Скопје, Судскиот совет одлучи постапката да запре затоа што не утврди елементи за нестручно и несовесно постапување, се наведува во кусото соопштение на Судскиот совет.

Претходна вестОпштина Центар ќе формира јавно претпријатие за производство на струја
Следна вестГрабеж и пукање во спортска обложувачница во Бутел