Судските процеси за организиран криминал и корупција под будно око на ОБСЕ и ЕУ

Мисијата на ОБСЕ и ЕУ во земјава започнуваат регионален проект за мониторинг на судски процеси во областа на организираниот криминал и корупција.

-Искрено верувам дека следењето на судењата за случаи на корупција на високо ниво и организиран криминал навистина може да биде еден од начините за постигнување позитивни резултати. Ќе ја зголеми одговорноста во работењето на обвинителите и судиите, истовремено ќе ја зајакне борбата против корупција, но и ќе ја зголеми довербата кај граѓаните во институциите и во својата држава, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ.

Ние сме првата земјава во регионот која од ЕУ побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на предмети за висока корупција. За Владата ова е потврда дека има искрена намера за неселективна правда и транспарантни судски процеси.

 

Претходна вестНад 3.000 нови случаи на КОВИД-19 во Грција
Следна вестВо Врање вчера се вакцинирале повеќе македонски одошто српски државјани