Суперхероите ги израдуваа малите пациенти од Детската клиника

Необична предновогодишна посета деновиве имаа најмалите пациенти од Клиниката за детски болести во Скопје. Волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина од Црвениот крст на град Скопје, облечени во костимите на детските херои со јажиња се спуштија на Клиниката и им приредија пријатно изненадување на малите пациенти во овие предновогодишни денови.

-Да подариме насмевка… Волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина, облечени во костимите на детските херои, Спајдермен, Бетмен, Мини Маус и Супермен, а потпомогнати од Дедо Мраз, со јажиња се спуштија на Клиниката за детски болести во Скопје. На малите пациенти им подарија насмевки и новогодишни пакетчиња за претстојните празници. Настанот се одржува по петтии пат и е традиционална активност на Црвениот крст на град Скопје. Секогаш во служба на хуманоста!, стои во известувањето од Црвен крст на град Скопје.

Претходна вестЦените на струјата за дел од домаќинствата намалени за да не се почуствува зголемувањето на ДДВ-то
Следна вестВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите механизми за да има предвремени избори на 14 или на 21 мај