Темен режим Режим на светлина

Свечена академија по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите

Под слоганот „120 години столб на балканската историја, сегашност и иднина“, в петок, со свечена академија во Македонскиот народен театар, ќе биде одбележан значајниот јубилеј – 120 години од националниот Ден на Власите.

Свечената академија ќе се одржи со почеток во 18 часот, а се очекува присуство на високи државни претставници, претставници на дипломатскиот кор, културни институции, членови на влашката заедница, како и граѓани од целата земја. Настанот е во организација на Министерството за односи меѓу заедниците во соработка со влашките здруженија, културни институции и јавни организации.

Предвидени се говори од претставници на Владата и влашките здруженија, изведби на химната на Македонија и „Ода на радоста“, настап на хор со влашка песна, проекција на триминутно видео посветено на историјата и иднината на влашкиот идентитет, како и музички настапи од естрадни уметници.

Со овој настан, организаторите имаат за цел да ја потсетат јавноста на суштинскиот придонес на влашката заедница во историјата и културниот развој на државата. Преку генерации, Власите се вградени во темелите на македонската држава и општество, со значајни фигури како: Питу Гули, Браќата Манаки, Рајко Жинзифов, Михајло Пупин, како и современи културни амбасадори како Калиопи и Тоше Проески. Оваа манифестација претставува можност да се прослави истрајноста, идентитетот и културното богатство на влашкиот народ, кој преку генерации оставал длабок печат во општествениот развој на Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи

Во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на автомобил

Следна објава

По 15 години Општина Аеродром набави нова механизација за одржување урбано зеленило