Светиниколчанец пукал во жена па потоа се самоубил

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако претходно се обидел да ја убие 32 годишната О. Б., соопшти денеска МВР.

Во соопштението се наведува дека настанот се случил пред Пензионерскиот дом во Свети Николе.

-Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе во 7.50 часот пред Пензионерскиот дом во Свети Николе со пиштол пукал кон 32 годишната О. Б од Свети Николе. При што таа се здобила со повреда, констатирана во Клиничката болница Штип, а потоа Т.А. пукал во себе, по што починал. Извршен е увид од јавен обвинител и полициски службеници од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случај, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Претходна вестПочина папата Бенедикт Шеснаесетти
Следна вестГрадските паркинзи во Скопје бесплатни за празниците