Темен режим Режим на светлина

Светското 2026: Трамп на извлекувањето на групите во петок

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на жрепката која ќе се одржи во петок во Вашингтон и на која ќе биде утврден составот на групите за Светското фудбалско првенство 2026. Веста денеска ја потврди портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

„Претседателот Трамп в петок ќе присуствува на извлекувањето на групите за Светското првенство во Центарот Кенеди“, изјави Ливит.

Жрепката ќе се одржи на 5 декември во Вашингтон, со почеток во 18 часот по македонско време.

Ќе бидат извлечени 12 групи со по четири репрезентации. Досега се познати 42 учеснички на Мундијалот, а уште шест ќе бидат определени по одигрувањето на дополнителните баражи во март следната година.

Македонската фудбалска репрезентација во полуфиналето од плејофот на 26 март ќе гостува кај Данска во Копенхаген.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Јувентус во шок: Тешка повреда за Душан Влаховиќ

Следна објава

Најголем месечен пад на биткоинот од 2021 – инвеститорите загрижени