Темно Режим Светло Режим

Светското првенство без Иран? Федерацијата со песимистичка најава по војната на Блискиот исток

Светското првенство без Иран? Федерацијата со песимистичка најава по војната на Блискиот исток Светското првенство без Иран? Федерацијата со песимистичка најава по војната на Блискиот исток

Настапот на иранската фудбалска репрезентација на претстојното Светско првенство ова лето е неизвесен поради сериозната ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Безбедносната криза дополнително се продлабочи по информациите за убиството на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Воените операции што ги започнаа САД и Израел на иранска територија предизвикаа одмазднички напади од Техеран. Според извештаите, ирански ракети погодиле цели во повеќе земји од регионот, меѓу кои Дубаи, Доха, Бахреин и Кувајт, каде се лоцирани американски бази, како и одредени цели во Израел.

И покрај тоа што Иран обезбеди пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико и беше сместен во групата Г заедно со Белгија, Нов Зеланд и Египет, учеството сега е под знак прашалник. Претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, изјави дека по најновите случувања шансите за настап се значително намалени, додавајќи дека конечната одлука ќе ја донесат надлежните спортски институции.

Од ФИФА засега нема конкретен став. Генералниот секретар Матијас Графстром, говорејќи на состанокот на ИФАБ во Кардиф, посочи дека е прерано за детални коментари, но дека организацијата внимателно ја следи ситуацијата.

Претходниот Пост
Лоши вести за Реал: Мбапе паузира поради повреда на коленото

Лоши вести за Реал: Мбапе паузира поради повреда на коленото

Следниот Пост
Неверојатна приказна: 29-годишен Македонец крадел само за да оди зад решетки, за да се одвикне од алкохол

Неверојатна приказна: 29-годишен Македонец крадел само за да оди зад решетки, за да се одвикне од алкохол