СЗО: Епидемијата во светот се влошува, не слабее

Дури 60 отсто од 10 милиони заболени од вирусот во светот се регистрирани во јуни, што значи дека епидемијата се влошува, а не дека слабее. Ова го соопштува Светската здравствена организација (СЗО).

Директорот на СЗО, Тедрос Адана Гебрејес, рече дека се регистрираат до 160.000 случаи дневно и ги повика сите земји да преземат сеопфатен пристап во борбата со коронавирусот.

-Пронајдете, изолирајте и водете сметка за секој случај, следете ги и ставете ги во карантин сите нивни контакти, обучувајте ги и опремувајте ги здравствените работници, едуцирајте ги и оспособете ги граѓаните за да можат да се заштитат себеси и другите, рече Тедрос.

Тедрос предупреди дека земјите што применуваат само дел од мерките имаат долг пат пред себе, пренесува „Гласот на Америка“.

-Не само тестирање. Не само физичка дистанца. Не само следење контакти. Не само да носат маски. Туку сè одеднаш, рече тој и истакна дека една од работите што ги научи во изминатите шест месеци е дека никогаш не е доцна да се промени ситуацијата во една земја.

Претходна вестА ѓубрето во Вардар кога ќе се чисти или само галиите пречат?
Следна вестКамерата пак го фати крадецот на велосипеди, ама не го фати и полицијата