Талат Џафери не мирува, по Берлин и од Атина прати силни пораки

Откако направи скандал во Собранието претседателoт на парламентот Талат Џафери повеќе е по странски парламенти отколку во македонскиот. По неодамнешниот престој во Германија и посетата на германскиот Бундестаг, тој денеска е во грчката престолнина Атина. Таму се обрати на деветтата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Атина.

– Јас сум голем поборник на парламентарната дипломатија, затоа што сметам дека како пратеници сме во подобра позиција да ги артикулираме аспирациите на нашите граѓани и да истакнеме што им е навистина важно. Мораме секогаш да имаме на ум дека како нивни претставници, заедно со извршната власт, имаме одговорност за националниот напредок кон постигнување на целите на одржливиот развој. Свесни сме дека во моментов сме насред глобална криза од неодамнешните предизвици на главните аспекти во секојдневниот живот, меѓутоа, и на тоа дека постојат современи закани за човековите права. Тоа е мотив плус да соработуваме уште поинтензивно, рече, покрај другото, спикерот на македонскиот парламент.

Колку тој е поборник на парламентарната демократија, и одобено на демократските однесувања во самото собрание се прашање на кое се чека да даде одговор додека на интерпелација се разговара за неговото работење.

Јавноста, ете, повторно имаше прилика да го слушне Талат Џафери како сам за себе си зборува како е голем поборник на парламентарната дипломатија, на артикулација на аспирациите на нашите граѓани, дека има одговорност за националниот напредок… Колку тоа оди рака под рака со неодамнешната снимка од која тој се слуша како ги пцуе и навредува вработените во собраниските служби, не е тешко да се заклучи. Исто како што е рпашањето колку таквите заложби сега ќе му помогнат со соочувањето со интерпелацијата поднесена од страна на опозицијата. Наредните денови ќе покажат каков третман од негова страна ќе ја добие интерпелацијата, односно, дали ќе биде ставена во предвидената собраниска процедура која до крај ќе биде испочитувана. 

Како и да биде, зборувањето за заложбите за парламентарна демократија, за парламентарна дипломатија, подразбираат превенствено одговорност за она што се прави во Собранието. Само така зборовите кажани во странство ќе добијат тежина.

Претходна вестРКЕ повторно ќе носи одлука за цената на горивата
Следна вестМентално болна девојка била продадена за секс од мајка и и сестра и