Талески: Градоначалникот на Неготино се сонча, Мицкоски фрла лопати, државата гори

СДСМ денеска ја обвини владата на Мицкоски за состојбата со пожарите велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ немарно се однесувала во кризата и доцнела со одлуките.

Пратеникот Талески на прес конфереција ги презентираше фактите и редоследот на настаните пред се за пожарот во Неготино и планината Серта.

Талески го обвини Мицкоски и градоначалникот на Неготино Горан Стојков дека се однесувале неодговорно а пожарите воопшто не им биле приоритет.

-Владата и надлежните институции целосно потфрлија и задоцнија во реакцијата со што дозволија да изгорат околу 1500 хектари зеленило ширум државата, а само во неготинско преку 1000 хектари на планината Серта, рече Талески

Тој тврди дека три дена градоначалникот на Неготино не се појавил на работа додека бил на одмор во Грција а состојбата веќе била исклучително лоша.

-Од 9 до 13 јули, месното население, со многу слаба организација и поддршка се бори со огнот за да се спасат селата Пепелиште и Восјанци. За цел тој период, односно 9,10 и 11 јули градоначалникот на Неготино, Горан Стојков се сонча во Грција на одмор. На ум не му паѓа да се врати во Неготино, обвини Талески.

Тој порача дека одговорност мора да има бидејќи причината за ширењето на пожарите ја лоцира во целосната негрижа и отсуство на одговорност кај Мицкоски и Владата.

-Додека граѓаните апелираа по социјалните мрежи, а СДСМ јавно бараше брза реакција, Мицкоски реши дека е подобро да оди во Охрид да фрла лопати околу да се грижи за безбедноста на граѓаните. Доколку кризниот штаб му беше приоритет на Мицкоски, а не лажните промоции на проекти, можеше да се спаси поголем дел од она што сега е уништено.

Во целата ситуација Претседателката Сиљановска исчезна и се занимава со протоколарни средби. Се што дознавме е дека Сиљановска не можеле да ја најдат два дена да ги потпише одлуките за прогласување на кризна состојба. Лежерноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ е реална опасност по здравјето и безбедноста на граѓаните, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

Претходна вестПожарот над Битола целосно ставен под контрола
Следна вестВулин: Големите сили ја фалат Северна Македонија кога ќе ги послуша и ги повредува Србите, но кога шумите ќе почнат да горат, Србија е прва што ќе помогне