Темен режим Режим на светлина

Таравари: Годинава морталитетот на Детската клиника – Скопје е помал од минатите години

Министерот за здравство и претседател на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари денеска изјави дека морталитетот на Клиниката за детски болести – Скопје годинава е многу помал во споредба со претходните години.

-За жал, се злоупотребуваат сите случувања. На клиниките, за жал, се случуваат смртни случаи. Директорот ни испрати и статистики од другите години и сега, колку е морталитетот на Клиниката и генерално можам да кажам дека оваа година е многу помалку отколку минатите години. На сите директори им даваме шест месеци барем да раководат и затоа се в.д директори. Потоа ќе видиме, ќе одлучиме како ќе продолжиме, истакна Таравари, одговорајќи на новинарско прашање дали како министер знае дека за еден месец има три смртни случаи на Детската клиника и дали ќе преземе нешто.

Таравари присуствува на вонредниот партиски конгрес на Алијанса за Албанците во Тетово, што се одржува под мотото „Промената продолжува“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи

Тројца скопјани нападнале единаесет Турци во Центар

Следна објава
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Променливо облачно и постудено, на повисоките места снег