Алијанса на Албанците на Арбен Таравари на локалните избори наесен ќе трча со четворица кандидати. Така одлучило партиското раководство на состанокот одржан во Тетово.
Актуелниот градоначалник Ваљбон Лимани е повторно кандидат за Гостивар, а за општина Сарај „ќе трча“ партискиот генерален секретар Блерант Рамадани. За Теарце, кандидат е претседателот на партиското собрание, Назим Таипи, додека за Врапчиште се кандидира Исен Шабани.
-Следуваат активности за промоција на кандидатитe, најави Таравари.
Инаку, претходно денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити најави дека најверојатно тој ќе биде кандидат за градоначалник на Чаир на „Вреди“ на престојните локални избори, каде противкандидат му е потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи.
Тој истакна дека при крај се консултациите и се чекаат резултатите од анкетите и додаде дека верува оти до крајот на неделата ќе излезат со листа на кандидати од Струга до Липково, со целосен список на градоначалници.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:


