Таравари разреши осум економски директори, меѓу нив и Бесија Иљази од Токсикологија

56

Решенија за разрешување на осум економски директори на клиники во Скопје, кои беа вршители на должност, потпишал вчера новиот министер за здравство Арбен Таравари.

Меѓу нив е директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, која предизвика контроверзи со својата работа.

Разрешени се економските директори на Клиниката за неврологија, Ендокринологија, Максилофацијална, Дерматологија, Ревматологија, Физикална медицина, Токсикологија, Стоматолошката и Психијатриската клиника.

Министерот Таравари вчера рече дека за месец-два нема да има економски директори.

– За тие што се со малку поголем мандат, ќе ни требаат измени на законот. Не сакам да нѐ тужат тие што имаат мандат до август-септември, па да одиме по судови, рече Таравари при преземањето на функцијата.

Економските директори во клиниките беа воведени во 2006 година. На Клиничкиот центар и во другите болници, вкупно имаше околу 30 економски директори, за што од буџетот само за плати годишно се трошеа нешто повеќе од половина милион евра.

 

Претходна вестТешко повреден велосипедист во Драчево
Следна вестМицкоски: Ветерниот парк на „Алкараз Енерџи“ најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот