Татко го нападнал својот син и се обидел да го удри со возило

Педесет и шестгодишен маж со иницијали Љ.А. од селото Флорино е приведен од страна на полицијата.

„Тој околу 12.30 часот во близина на место викано „Голема нива“, помеѓу Форино и Чајле, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот 32-годишен син и се обидел и да го удри со возило во кое претходно двајцата се превезувале.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.