Таткото на Урош Б. момчето кое изврши масакр на 4 мај во близина на Младеновац, починал од срцев удар.
Како што јавуваат српските медиуми, Радиша Блажиќ, таткото на убиецот од Младеновац, починал вчера од срцев удар. Веста ја потврдил пријател на семејството.
Момчето пред три дена уби осум и рани 14 луѓе. Полицијата по неколку часа го уапси напаѓачот. Тој сакал да влее страв кај населението.
Мештаните за српските медиуми раскажаа дека се работело за проблематично семејство.
По двата масакри деновиве, Србија презема мерки за разоружување на населението. Се заоструваат мерките и казните за нелегално поседување оружје.