Таткото средил убиецот Урош да не оди во затвор пред неколку години

Мештаните на Дубона, од каде што е Урош Б. (20), кој минатата недела уби осум лица и рани 13, по апсењето на неговиот татко Радиша Б. (55), истакнуваат дека сметаат дека и мајката на убиецот поради начинот на воспитување на синот треба да биде уапсена, а сите ќе потпишат и петиција за фамилијата да се исели од селото.

Бесни, огорчени и ожалостени селани, ден по апсењето на таткото на убиецот, кај кого е пронајден цел арсенал оружје, наведуваат дека тоа требало да се случи порано.

– Веднаш кога се дозна дека нивниот син убил невини деца, мораше да бидат уапсени и таткото и мајката. Кога нивниот син ги убил децата на почетокот на нивниот живот, покрај него, виновни биле и родителите. Да не зборуваме како нивниот син уште порано бил познат како проблематичен млад човек кој убивал животни, возел трактор со ненормална брзина како дете, а подоцна и мотор низ центарот на селото и секогаш имале изговор за се, велат соседите за порталот Нова.рс.

Еден од познајниците на семејството вели дека малолетниот Урош Б. бил крајно арогантен, а пред две години намерно со мотор удрил полицаец кој се обидел да го запре во Младеновац.

Претходна вест„Аспекти на творештвото на Петре М. Андреевски“ нова книга на Веле Смилевски
Следна вестГо истепале, па му го украле автомобилот во скопско Визбегово