Театар во Милано откажа настапи на руски балетан поради тетоважата со Путин

Театар во Италија го откажа настапот на балетанот Сергеј Полунин затоа што на градите има тетоважи на рускиот претседател Владимир Путин. Имено, Театарот „Арчимболди“ во Милано го откажа настапот на балетанот, а причина се трите тетоважи на рускиот претседател Владимир Путин на неговото тело.

Полунин требаше да настапи на 28 и 29 јануари, а на веб-страницата на театарот објавија дека решиле да ја откажат неговата изведба на балетот по бројните реакции на социјалните мрежи. Додаваат дека ова го решиле поради политичка и морална одговорност.

Полунин е поранешен директор на Кралската опера во Лондон. Роден е во Украина, а руско државјанство доби во 2018 година.

Претходна вестМодриќ не постапи како Роналдо, одбил милиони од саудискиот клуб
Следна вест5 големи скопски проблеми ја чекаат Арсовска посериозно да ги решава во 2023 година