Скопје се фали дека е позната туристичка дестинација, но Скопје има места и објекти што не е баш добро да ги видат туристите. Едно од таквите места е полуизгорената и одамна напуштената галија на Вардар, во најстрогиот дел на градот.
До кога тоа ругло ќе стои и ќе го нагрдува Градот во близината на ГТЦ? Прашањето е особено тешко затоа што два градоначалника се фалеа дека ќе ја отстранат, но не го направија тоа. Прво Петре Шилегов уште во 2021 година почна да ја урива и лично присуствуваше на тој чин, а потоа со силни зборови слично најавуваше и Данела Арсовска.
Вака како што сега е оставена на негрижа е опасност за некои кои што сакаат да влезат во неа бидејќи е целата искршена, а беше и опожарена.
Испадна галијата поцврста и од некои стиропорни згради направени при проектот „Скопје 2014“, а надживеа и два градоначалнички мандати. Дали така ќе биде во наредните 4 години?
Да не се чека гусари да дојдат и да ја потопат или украдат?



