Тепачка на скопскиот аеродром, имале недоразбирање во сообраќајот

Тепечка меѓу две лица се случила ноќеска на скопскиот аеродром, информира полицијата.

МВР соопшти дека денеска во 03.00 часот во СВР Скопје бил пријавен инцидент.

-Околу 02.20 часот во кругот на Меѓународен аеродром Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.К.(39) од с. Петровец, скопско и Ш.Б.(54) од Скопје, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестВо Македонија има само околу 50 задруги, а во Европа еден земјоделец е член на три или четири задруги
Следна вестАнтикорупциска комисија: Внимателно го следиме процесот на именувања на в.д. директори