Тепачка за медицински сестри во „Панче Караѓозов“: гледаат виза за да избегаат од државата?

Првото пријавување во средните училишта во Македонија беше по се изгледа и конечно-завршно за училиштето „Панче Караѓозов“ во Скопје, отсекот медицински сестри. Квотите се преполнија, па денеска се спроведува квалификациско тестирање за да се види кои од оние што имаат ист број поени ќе заслужи да се запише.

Станува збор за паралелките на албански јазик каде се примаат 102 ученика, а пријавени се 166. Тестирањето ќе биде по предметите билогија и хемија.

-Младите кои се запишуваат се надеваат дека ќе можат со овој занает да се отселат од државата во првата прилика. Тоа реално и се случува, веќе неколку години. Ниедна влада не воспостави здрав и функционален систем на ниедно ниво, па младите бараат начин да излезат одовде оти во актуелниот не веруваат, коментираат луѓето на социјалните мрежи.

Одливот на мозоци, или популарно наречениот „браиндреин“ е процес кој трае без намалување. До сега не се направи никаква популарна стратегија која ќе го спречи заминувањето на младите.