Тешка сообраќајка во Аеродром, интервенираа две возила на брза помош – ФОТО

Две возила учествувале во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрoвo во скопски Аеродром. Несреќата се случила околу 7.30 часот на крстосницата меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Васил Карангелески“. Многу оштетени се две возила едното „Шкода“, а другото “Пасат“.

Се уште е непознато дали и колку лица се повредени во несреќата, но на лице место брзо пристигнаа две возила на брза помош.

Повеќе полицајци се уште извршуваат увид на местото на несреќата. Инаку, ова голема крстосница, е регулирана со светлосна сигнализација.

Повеќе детали за несреќата се очекуваат во текот на денот.

Претходна вестСе снима игран филм „Зајко“ во Скопје, сообраќајот пренасочен
Следна вестПретежно облачно со повремени врнежи од дожд