Тешка сообраќајка во Арачиново – загина 22 годишно момче

Тешка сообраќајна несреќа, попладнево се случи во скопско. Момче на возраст од 22 години загина при директен судир на автомобил марка ‘’Aуди’’и мотор ‘’Јамаха’’.

Според првичните информации, мотоциклот бил управуван од 22-годишниот Х.Б. од Арачиново кој починал во болницата Свети Наум Охридски во Скопје.

Неговиот сопатник, 26-годишниот А.С, итно е пренесен во Клиниката Мајка Тереза, каде според неофицијални информации му се констатирани тешки повреди.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата и работи на расветлување на истата.