Тешка сообраќајка во Козле, четири лица завршиле во болница

Тешка сообраќајка во Козле. Имено, четири лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на крстосницата од ул. „Mилан Марковиќ“ и ул. „Ловќенска“  во скопската населба Козле, помеѓу „Фолксваген“, управуван од лицето Д.М.(21) од Тетово и „Мерцедес“, управуван од лицето Д.Р.(41) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „Мерцедес“, Е.А.(62), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „Мерцедес“, Ч.М.(59), по што биле пренесени во клиниката „Аџибадем Систина“, Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.