Тешка сообраќајка на патот Битола – Ресен, загина 50-годишен охриѓанец

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во непосредна близина на битолското село Братиндол, на магистралниот пат А3 Битола-Ресен. Во незгодата, како што известија од СВР Битола, едно лице го загубило животот, а неколку се повредени.

СВР Битола информира дека синоќа во 19.32 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, во близина над селото Братиндол, битолско, се случило сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило марка „бмв” со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од селото Езерани, ресенско и сопатник К.Ш.(25) од село Царев Двор, ресенско и патничко возило „рено клио”со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С.(50) од Охрид и сопатничка Н.С.(55) од Охрид.

-Од страна на доктор во Клиничката болница во Битола, кај лицето Г.С констатирана е смрт како последица од повредите, а кај сопатниците констатирани се повреди. Увидот го врши увидната екипа на СВР Битола, а сообраќајот на релација Битола-Ресен е пренасочен по стариот пат, соопшти СВР Битола.

Сообраќајот е нормализиран во 22.40 часот.

Претходна вестСончево со мала до умерена локална облачност
Следна вестСе готви нова воена помош за Украина, за АРМ ќе се набавуваат дронови