Тешка сообраќајка на патот Јажинце-Тетово

Во текот на вчерашниот ден на регионалниот пат Јажинце-Тетово се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно лице било потешко повредено.

– На 28.12.2022 во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во тетовско Џепчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со  швајцарски национални ознаки,  управувано од  Р.Е.(61) од тетовско Теарце и патничко возило „фиат панда“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од  А.А.(40) од тетовско Слатино. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило „фиат панда“, констатирани во Клиничка болница Тетово, информира МВР.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.

Претходна вестСиндикалецот Ристов: Оваа година изгледа Дедо Мраз порано дојде во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
Следна вестБи-Би-Си: Мундијалот во Катар е убедливо најдобриот во 21-от век!