Тешко повреден 22-годишен моторџија при судир со автомобил во Скопје

Повреден моторџија во Скопје. Имено, дваесет и двегодишно момче од Скопје е тешко повредено доцна синоќа, кога со својот мотор се судрил со автомобил на крстосницата од ул. „Бертранд Расел“ и ул. „Николај Островски“ во Скопје.

По незгодата со возило на итна медицинска помош М.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестДенеска се празнува Спасовден, денот на вознесението на Исус Христос на небото
Следна вестЗошто Заев на социјалните мрежи го избегнува уставното име на Македонија?