Тешко повреден 29 годишник во сообраќајка

Млад скопјанец е тешко повреден во сообраќајка во Скопје. Во сообраќајката полесно повредено е уште едно лице.

– На 29.01.2024 во 12.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Тале Христов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) и патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(29), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Н. констатирани во приватна болница во Скопје, додека со телесни повреди се здобил М.В., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестУапсен малолетник во Гостивар, насилно ограбил друг малолетник
Следна вестНов паркинг од 40 места за жителите на Буњаковец