Тешко повреден 79-годишен пешак во Аеродром

Со тешки телесни повреди се здобил 79-годишниот пешак откако во него вчера претпладне удрил автомобил во скопската населба Аеродром. Полицијата информира дека несреќата се случила на крстосницата од ул.„Методија Шаторов Шарло“ и ул.„Милан Зечар“.

-Патничко возило „Фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот М.Ш. од Скопје, удрило во 79-годишниот пешак С.З. од Скопје. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, се наведува во информацијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР.