Тешко повреден малолетен мотоциклист

Во сообраќајна несреќа која се случила во Тетово, малолетен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди. Според информациите од МВР, во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Саво Тасевски“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(31) од Тетово и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Џепчиште, тетовско.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил и увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Претходна вестВо Италија трајно ќе се одземаат возачките на виновниците за тешки сообраќајки
Следна вестСнежна бура во САД и Канада, 38 лица настрадани