Тешко повреден мотоциклист од Скопје по сообраќајна незгода со возило

89

Синоќа во 19.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Македонско – косовска бригада“, бул.„Словенија“ и бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ќ.(29) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(18) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Претходна вестОграбени се две цркви во Скопје, украдено е ѕвоното од црквата во Сопиште
Следна вестИзменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип – Кочани на 21 мај, среда