Teшко повреден пешак во Скопје. Имено, во вечерните часови на 15 јули било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од улиците Џон Кенеди и Кемал Ататурк, автомобил „Голф“, управуван од 57-годишен скопјанец, удрил во 55-годишен пешак од Косово.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош.