Тешко повреден пешак на ул. „Џон Кенеди“

Teшко повреден пешак во Скопје. Имено, во вечерните часови на 15 јули било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од улиците Џон Кенеди и Кемал Ататурк, автомобил „Голф“, управуван од 57-годишен скопјанец, удрил во 55-годишен пешак од Косово.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош.

Претходна вестСтартува „На зајдисонце“ во Трпејца, деветти пат по ред
Следна вестЦрвен картон и за СДСМ и за ВМРО – ДПМНЕ