Тешко повреден пешак на ул. „Радишанска“

Автомобил удрил пешак во Скопје. Имено, седумдесет и четиригодишен скопјанец синоќа бил удрен од автомобил „Мерцедес“ на улицата „Радишанска“ во Скопје.
Од силината на ударот, В.Д. се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што му била укажана лекарска помош. Засега нема повеќе детали за неговите повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.