Тешко повреден пешак откако скопјанец со „голф“ удрил во него

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера во Скопје, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 25.03.2023 во 13.05 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Отокар Кершовани“ патничко моторно возило “фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.М.(76) од Скопје удрило во А.С.(59) од с.Сарај-скопско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во соопштението.

Претходна вестВо Прилеп фатени 50 пијани возачи, во Штип 19, струмичанец возел со 2,34 промили…
Следна вестСе уште има необештетени семејства на загинати бранители