Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во струшко

76

На 06.08.2025 во 10:40 часот, на регионалниот пат Р2243 во селото Биџево, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со германски национални ознаки, управуван од И.М.(38) од с.Мислодежда, струшко и велосипед управуван од Р.Т.(79) од с.Биџево, струшко.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестРегистрирани шест случаи на западнонилска треска во Србија
Следна вестТешка сообраќајка на магистралниот пат Гостивар – Кичево