Тешко повреден возач, се забил во оградата на автопатот Скопје-Тетово

Вчера во 16.50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје–Тетово, во близина на клучка Волково, патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(32) од Скопје, удрило во металната ограда.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестТинејџер со „бмв“ излетал од пат, четири лица повредени
Следна вестКривична пријава ќе добие сопственикот на фармата во Амзабегово во која почина еден работник