Жена е тешко повредена додека се возела синоќа во автобусот на ЈСП „Скопје“, соопшти полицијата.
-Синоќа во 19 часот било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, додека Ш.Ш.(64) од Скопје се превезувала во автобус „Ман“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈСП, управуван од Б.Х.(29) од с.Рашче, Скопско, паднала во внатрешниот дел на автобусот, при што се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се наведува во инфорамцијата.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.