Тешко повредена скопјанка откако паднала кај „Заливот на коските“ во Охрид

Скопјанка е тешко повредена при незгодата кај туристичкиот комплекс во охридско, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 06.07.2024 година во 21.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Е.Р.(32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски” во близина на охридското село Пештани, паднала и се здобила со тешки телесни повреди.

-Таа, со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде, е задржана на понатамошно лекување, се наведува во информацијата.

 

Претходна вестИстрага за убиството во Тетово, претреси на три локации, задржано едно лице
Следна вестИзвршени претреси во прилепскиот затвор, одземени ножеви, мобилни телефони, парични средства…