Тешко повредени двајца беровци откако со „пасат“ излетале од патот

Двајца беровци се тешко повредени откако со „пасат“ излетале од патот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа околу 23 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат село Смојмирово – Виница, во близина на селото Мачево, беровско, патничко моторно возило „пасат“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Г.Г., на возраст од 41 година, од Берово, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Е.П., на возраст од 43 години, од Берово. Со телесни повреди се здобила Д.Т., на возраст од 28 години од село Смојмирово, беровско, констатирани во Медицински центар Штип, се појаснува во соопштението.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.

Претходна вестКуќен притвор и за 5-тиот приведен за упадот во МНАВ, обвинителството ќе вложи жалба
Следна вестСДСМ: Започнува исплатата на финансиската поддршка за основците и средношколците